Три градилишта во Центар се затворени. Стопирана е изградбата на објектите - веднаш зад Универзалната сала. Станува збор за три згради со стотина станови. Општинските инспектори констаирале дека се работело без лиценци, без надзорен инженер и без да се пријави дека стартува градбата. Инвеститорите имаат рок од 10 дена да ги отстранат неправилностите, во спротивно одобрението за градба може да биде одземено, а законот остава можност и за рушење на објектите. Новиот закон за градба е донесен лани проследен со серија критики. Налага секој објект да има фасада, во спротивно следуваат казни. Најконтроверзното решение - конфискацијата на земјиште и објектот, ако има отстапки од одобренито за градба. Но, иако е на сила, градоначалниците не старуваат со конфискација. Се чека Уставниот суд да одговори има ли право државата да одземе нечие наследство само ако терасата е дивограба, а целата објект легален.
Три градилишта во Центар се затворени. Стопирана е изградбата на објектите - веднаш зад Универзалната сала. Станува збор за три згради со стотина станови.
Општинските инспектори констаирале дека се работело без лиценци, без надзорен инженер и без да се пријави дека стартува градбата. Инвеститорите имаат рок од 10 дена да ги отстранат неправилностите, во спротивно одобрението за градба може да биде одземено, а законот остава можност и за рушење на објектите.
Новиот закон за градба е донесен лани проследен со серија критики. Налага секој објект да има фасада, во спротивно следуваат казни. Најконтроверзното решение - конфискацијата на земјиште и објектот, ако има отстапки од одобренито за градба. Но, иако е на сила, градоначалниците не старуваат со конфискација. Се чека Уставниот суд да одговори има ли право државата да одземе нечие наследство само ако терасата е дивограба, а целата објект легален.
Експертите одамна алармираат да се донесе законот за легализација на дивоградбите а потоа власта да се справува со хаосот во градежниот сектор.